Утрински Весник
Спорт

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

20260707093922 big 730x400 46.webp.webp

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство.

Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија.


– Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да бидам искрен, ова беше моето последно Светско првенство. Но, ќе имам време да размислам за останатото подоцна. Ќе бидам со моето семејство, нема да донесувам никакви одлуки во моментот на возбуда и едноставно ќе продолжам со животот, изјави Роналдо.

За самиот натпревар португалскиот репрезентативец надополни:
– Тоа беше многу изедначен натпревар. Според мене, можеше да заврши во двата правци. Шпанија имаше малку среќа со постигнувањето голови во последните моменти. Но, тоа е фудбалот.

Португалија на Мундијалот одигра нерешено со ДР Конго (1-1) и Колумбија во групата (0-0), ги победи Узбекистан (5-0) во групата и Хрватска (2-1) во 1/16 финалето.

Можете да прочитате

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута

Норвешка го елиминира Бразил, Халанд со два гола за четвртфинале