Утрински Весник
Спорт

Родител го продава српскиот дрес што детето го добило од играчот: Срами се беднику

Родител го продава српскиот дрес што детето го добило од играчот: Срами се беднику
300x250 (7)

Србија, во саботата, ја победи Шведска со 4:1 во Лигата на нации. Натпреварот во Белград, поради казната што ја доби Србија од УЕФА, можеа да го следат само деца до 14 годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Децата приредија прекрасна атмосфера, ја пееја химната пред почетокот на натпреварот, а потоа гласно им даваа поддршка на своите идоли.

300x250 (7)

По завршувањето на натпреварот, српските репрезентативци решија да ги подарат своите дресови. Ги фрлија на трибините.

Српските медиуми, во вторникот, објавија дека на огласите за продажба има некои дресови на српската репрезентација.

Во продажба е дресот на играчот за врска Иван Илиќ и за него се бараат 1.000 евра. Маицата што ја носел Саша Лукиќ, под дресот, се продава за 350 евра.

Затоа српски „Курир“ излезе со наслов: „Дали ти е срам, беднику од родител, што си го украл дресот на твоето дете? Дали солзите на син ти вредат тие 1.000 евра, колку што сакаш да заработиш“.

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“