Утрински Весник
Свет

Презентиран монограм на кралот Чарлс Трети

Презентиран монограм на кралот Чарлс Трети

Бакингемската палата го претстави монограмот на кралот Чарлс Трети, кој ќе се користи во државните институции, на официјални документи и поштенски сандачиња.

dobivaj vesti na viber

Монограмот го избрал лично новиот крал меѓу неколкуте примероци направени од Колеџот за оружје, јавува Би-Би-Си.

Монограмот е комбинација од иницијалите „Ц“ и „Р“ како почетна буква за „Рекс“ што е латинска ознака за владетелот, заедно со римскиот број III бидејќи тоа е третиот крал Чарлс.

Овој монограм, кој исто така ќе се смета за визуелен идентитет на новото владеење, ќе ја замени поранешната ознака E II R која беше симбол за неодамна починатата кралица Елизабета Втора.

Во исто време, Централната банка на Англија денеска објави дека до крајот на годината ќе бидат воведени полимерни банкноти со ликот на кралот Чарлс III, додека банкнотите со ликот на неодамна починатата кралица Елизабета Втора ќе продолжат да бидат во оптек.

Примената на монограмот на новиот британски монарх започнува пред крајот на периодот на жалост, а првата употреба ќе биде веќе денес во Бакингемската палата при пишување писма.

Монограмот ќе има поширока примена, а ќе биде видлив на униформите, официјалните институции, а има и специјална верзија на монограмот за Шкотска која ја содржи шкотската круна,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Бразил и Франција градат подморници за да го бранат мирот во Европа и Јужна Америка

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис