Утрински Весник
Спорт

Роденденска победа со историски трипл -дабл за Дончиќ

Doncic Irving 696x436 1.jpg

Словенечкиот кошаркарски интернационалец во најсилната лига на светот НБА, Лука Дончиќ го прослави 25-тиот роденден со одлична партија за својот тим Далас и го предводеше до тирумф на гостувањето кај Торонто (125:136). Словенецот мечот го заврши со 30 поени, 16 асистенции и 11 скокови. За најдобриот стрелец во НБА лигата сезонава, ова е 11 трипл-дабл, но има посебно значење. Тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој имал трипл-дабл со 30+ поени на негов роденден.

Актуелниот шампион Денвер го совлада Сакраменто со 117:96. До новиот тиумф Деневер беше прредводен до српскиот центар Никола Јокиќ кој го забележа четвртиот трипл-дабл во низа, 19-ти од почетокот на сезоната. Натпреварот го заврши со 14 поени, 14 скока и 11 асистенции за само со само 32 минути поминати на паркетот.

Web

Резултати: Индијана – Њу Орлеанс 123:114, Торонто – Далас 125:136, Чикаго – Кливленд 132:123 по продолжение, Минесота – Мемфис 110:101, Денвер – Сакраменто 117:96, ЛА клиперс – ЛА лејкерс 112:116.

Можете да прочитате

Одземено олимпиското сребро на Русинката Гулиев поради допинг

Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

Шефилд јунајтед следната сезона ќе ја започне со минус два бода