Утрински Весник
Бизнис

РКЕ: Издадени се над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

РКЕ: Издадени се над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали.

dobivaj vesti na viber

Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно до сега во оваа година се издадени лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.

„ Оваа количина на електрична енергија од над 95 МWh од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со истата може да се задоволат потребите за 27.100 домаќинства. Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Можете да прочитате

СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак

Влада: Изминатото деноноќие произведени 12.580 MWh електрична енергија, задоволени потребите на домаќинствата

Нови цени на горивата од полноќ