Утрински Весник
Спорт

Ријана главна ѕвезда на „Супербоул“

Ријана главна ѕвезда на „Супербоул“

Мега ѕвездата Ријана ќе биде главниот актер на познатото Halftime Show на овосезонското издание на „Супербоул“, што ќе се одржи во февруари 2023 година во Глендејл на стадионот на Аризона Кардиналс.

dobivaj vesti na viber

Музичката икона, која има 34 години, на својот инстаграм-профил објави слика од фудбалска топка со која потврди дека учествува на најгледаниот спортски настан во светот.

Во 2019 година Ријана одби да учествува во шоуто на „Супербоул“ во знак на солидарност со Колин Кеперник.

„Воодушевени сме што Ријана ќе биде дел од најголемиот настан. Таа е уметник кој се појавува еднаш во сто години. Очекуваме да имаме шоу кое долго ќе се памети“, изјави Сет Дудовски, главен оперативен директор за музика во НФЛ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026