Утрински Весник
Македонија

Ревизорите утврдиле дека мерките за студентскиот стандард не се ефикасни

20231005 200 Studenti Na Lista Na Chekanje Za Smestuvanje Vo Studentski Dom Vo Skopje Najmnogu Konkurirale Za Goce Delchev Kade Shto Kapacitetot E Ispolnet M.jpg
300x250 (7)

Мерките и активностите за развој на студентскиот стандард кои се преземаат од надлежните државни органи не се доволно ефикасни и економични за остварување одржливо ниво на финансиска самостојност на студентските домови, соодветно сместување и исхрана и за реализирање на проектите за реконструкција и проширувањето на капацитетите на државните студентски домови, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите утврдиле дека верификацијата која треба да ја направи МОН пред започнувањето со работа на студентските домови до денот на извршување на ревизијата не е извршена за сите државни студентски домови и нема воспоставен регистар на студентски домови, што неповолно влијае врз спроведувањето на постапките за сместување на студентите и на реалноста на прикажаниот капацитет на домовите. Во ревизорскиот извештај меѓу другото е наведено дека вкупните средства кои се реализирани согласно Програмата за финансирање, реализацијата и развој на дејноста студентски стандард за 2022 година се во износ од 1.397.455 илјади денари (околу 22,6 милиони евра) и тоа: 50 отсто односно 701.482 денари се за студентски оброк, 30 отсто или 424.2010 за студентски стипендии, 17 отсто или 232.164 за расходи за сместување и исхрана во студентските домови и 3 проценти или 39.599 за други расходи. Во однос на сместување,  функционирање,  финансирање  и инвестиции  во  студентски домови, ревизорите утврдиле дека исплатата на средства не се врши врз основа на ажурирани списоци за сместени студенити. Од ревизија додаваат дека го опфатиле периодот од 2019 година заклучно со 2022 година, иако одредени области, прашања и настани се опфатени последователно до денот на известување за извршената ревизија.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година