-По десетдневна потрага, припадниците на МУП ги уапсија С.Ј и Д.Д., кои беа осомничени дека со автомобил ја убиле Данка и нејзиното тело го фрлиле на депонија – изјави министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ на прес конференција, пренесуваат Новости.
Гашиќ истакнува дека и двајцата го признале и детално го опишале делото.
-Мајката Ивана Илиќ со децата дошла од Бор во 13 часот и 10 минути. Таа си играше со децата и ги сликаше. Таа му испратила слики на сопругот во 13:22 часот. Синот и побарал вода, а таа за неколку минути сфатила дека Данка ја нема. Му се јавила на сопругот во 13 часот и 51 минути, а полицијата пристигнала во 13 часот и 59 минути – изјави министерот Гашиќ.
Во 18 часот и 57 минути е активиран системот Најди ме, потсетува министерот Гашиќ.
-Детално го следевме движењето на мајката, и на сите можни лица кои поминаа по истата рута. Проверувано е и кога е направена фотографијата. Тоа беа важни фактори за да добиеме информации колку долго детето било надвор од видното поле на мајката – посочи Гашиќ.
Тој додава дека Данка излегла од дворот и се движела по асфалтот.
-Околу 13 часот и 50 минути мајката видела бел автомобил и машко лице покрај возилото „фиат панда“ во кое биле осомничените. Рекоа дека биле на работна задача во Бањско поле, да ја проверат шахтата. Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна е снимено дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути. Возилото со С.Ј и Д.Д било пред капијата околу 2 и пол минути, застанале затоа што им требал тоалет. Потоа тргнале, и го удриле девојчето на 30-40 метри од местото за застанување. Автомобилот го управувал Д.Д., а телото на девојчето С.Ј го пренел на задното седиште. Тие се договориле да го фрлат телото на девојчето. Во 13 часот и 57 минути ги запрел таткото на девојчето и ги прашал дали ја виделе Данка, на што тие одговориле негативно – рече министерот.
Потоа со автомобил се упатиле кон депонијата и телото на девојчето го фрлиле во депонијата.
-За монструозноста говори и тоа што на покана на директорот Д.Д., отишол да го бара девојчето во Бањско поле, знаејќи дека ја убил. Тој ден на територијата на Бањско поле влегле 17 возила, а од Бањско поле излегле само две, додека не дошла полицијата и не ги блокирала патиштата. Ова е важно бидејќи беше симптоматично што на 150 метри од местото каде што застанаа во дворот на семејството Илиќ, тие 150 метри ги поминаа за пет и пол минути. Како што знаеме, тие беа на депонијата една минута и 41 секунда – изјави Гашиќ.
Министерот за полиција рече дека со сите можни служби и средства повеќе пати е пребарана целата област.
Гашиќ рече дека на двајцата осомничени им е извршено полиграфско вештачење и дека реакцијата на возачот на автомобилот е регистрирана како онаа што доцни, а сопатникот имал реакција, сите три автомобили биле одземени, од каде било однесено се што е потребно за вештачење.
-Двајцата не однесоа на депонијата, но имаме информации дека едниот се вратил на 28 март и го префрлил телото на друга локација. Си ја префрлаат вината еден на друг – рекол Гашиќ, пренесува РТС.
Како што дознава „Новости“, девојчето давало знаци на живот кога во неа удрил автомобил и кога ја ставиле во багажникот. Точната причина за смртта на малата Данка ќе ја открие обдукцијата кога ќе биде пронајдено телото.