Утрински Весник
Балкан

Две деца и нивниот татко загинаа во експлозија на плинска боца во Косово

Plinska boca.jpg

Починати се три лица од кои две деца по пожар во станбена зграда во Малишева, на Косово.

Портпаролот на Регионалната полиција во Ѓаковица – Шермет Ељезај рече дека околу 12:55 часот добиле информација дека има пожар во станбена зграда во населбата „Мирдита“.


Потоа, на местото на настанот дошле надлежните полициски единици, пожарникари и екипи за итни случаи.

Според Ељезај, во објектот биле пронајдени три лица – едно возрасно лице и две деца (едно девојче и едно момче).

Потоа биле префрлени во Центарот за семејна медицина во Малишева, каде што медицинската екипа констатирала смрт.

Се додава дека пожарот е локализиран.

Медиумите јавуваат дека пожарот во станот е предизвикан од експлозија на плинска боца, а жртвите биле на возраст од 9, 12 и 35 години.

Можете да прочитате

Невреме во регионот – Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска

Вучиќ најави дека изборната кампања ќе ја води со личниот автомобил

Ердоган: Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци сами во нивната праведна борба