Утрински Весник
Спорт

Репрезентативец на Словенија пристигнува за рекордна сума на „Сан Сиро“

A8566090 4ffd 4fc9 992e 52fafe351724 696x366 1.jpeg

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Милан во летниот преоден рок ќе остане без искусниот француски напаѓач Оливие Жиру. Ветеранот како слободен играч се сели во САД, а клубот ќе мора да најде замена. Тројца играчи се поврзуваат како негови наследници во Милан: Бенјамин Шешко, Џошуа Зиркзе и Серху Гираси. Според медиумите прв пик е репрезентативецот на Словенија, Шешко кој настапува за бундеслигашот Лајпциг. „Газета дело спорт“ во своето денешно издание пишува дека Шешко има излезна клаузула од 65 милиони евра, која може да се зголеми за дополнителни десет милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок. Овој извор пишува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот прво мора да заработи пари од продажба на играчи за да инвестира дел од нив во засилувања, како и дека многу англиски клубови се заинтересирани за Шешеко (20). Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари во дресот на Лајпциг. Доколку трансферот биде реализиран, Милан ќе го урне клупскиот рекорд. Трансфер рекордот го држи Рафа Леао за кого клубот издвои 49 милиони евра кога од Лил во 2020 година беше доведен на „Сан Сиро“.

Можете да прочитате

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024