Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид ќе биде без Модриќ во финалето на Кралскиот куп

Реал Мадрид ќе биде без Модриќ во финалето на Кралскиот куп

Лука Модриќ нема да игра во финалето на Купот на Кралот за Реал Мадрид, пишува „Марка“. Капитенот на хрватската репрезентација се повреди на последниот натпревар против Џирона и ја напушти играта. Прегледите покажале дека се работи за повреда на мускулот на левата нога.

dobivaj vesti na viber

Хрватот сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари против Алмерија и против Реал Сосиедад, а речиси е невозможно да игра и против Осасуна во финалето на Купот на Кралот, кое е закажано за 6. мај.

„Една недела пред финалето на Купот на Кралот и 11 дена пред првиот меч со Манчестер Сити (9 мај), загриженоста за Модриќ е максимална бидејќи тој е клучен играч во тимот на Карло Анчелоти. Кога е здрав, местото на Модриќ во првиот тим на Реал на големите натпревари е несомнено“, истакнува „Марка“.

Можете да прочитате

„Леле луѓе што направивме“ – поминаа 13 години од тројката на Владо Илиевски (ВИДЕО)

УЕФА ги враќа руските клубови

Андреј Лунин ја продолжи соработката со Реал Мадрид