Утрински Весник
Македонија

Реакција на министерот Филков за палењето на куќата на Пандов: Одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители

Filkov.webp.webp

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.

MK Summit

-Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.  Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители. Правда мора да има и ќе има!, се вели во реакцијата на министерот Филков.


Викенд куќата на Пандов во скопското село Орешани беше опожарена вчера, а случајот во полиција ги пријавил лично тој. Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот. 

Можете да прочитате

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

Јаневска: За жал, резултатите на ПИСА 2025 се многу лоши, имавме подобри во 2001

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција