Утрински Весник
Свет

Расте бројот на украински дезертери, цената за нивно спроведување преку граница е 6.000 долари

20240411115915 Big 730x400 95.webp.webp
Ss2

Бројот на украинските момчиња кои бегаат од воената мобилизација се зголеми по најавата дека старосната граница ќе биде намалена од 27 на 25 години, но се зголемија и цените на услугите за спроведување преку западната граница поради зголемената внимателност на Украина, изјави еден шверцер на дезертери за „Скај њуз“.

Шверцерот во интервјуто рече дека цената за спроведување преку западната граница пеш е 6. 000 долари, но дека бегалците добиваат попуст од 2.000 долари доколку се спремни да препливаат преку една од многуте реки што ја делат Украина со соседните земји.

Ss1

Се уште не се случило некој да се удави додека ја препливал реката, но само неколку добиле хипотермија, вели шверцерот и дека има опрема за дезертери кои не знаат да пливаат.

Главниот проблем, како што посочи, се се побројните патроли на украинските власти на западната граница, на премините со Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија.

„Можете да ги измамите кучињата трагачи, да го замаскирате вашиот мирис. Но, најтешката работа, која во моментов е најголем проблем, се беспилотните летала, кои ги има многу“, рекол шверцерот.

Неговата опасна работа илегално шверцување дезертери е добро платена, пишува „Скај њуз“, но тој признава дека значителен дел од парите одвојува на неговите неименувани извори кои му помагаат да ги избегне патролите.

Ss1

Можете да прочитате

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести

Светски економски форум: Вакви нивоа на долг не се забележани уште од времето на Наполеон