Утрински Весник
Економија

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Izvoz uvoz.webp.webp

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, според Државниот завод за статистика, изнесува 5,9 милијарди евра и бележи раст од два проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8,49 милијарди евра, што е за 3,5 проценти повеќе во споредба со лани.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,6 проценти во вкупната размена.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во јуни поскапи за 2.6% од истиот месец лани

Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културата

Тренчевска: ВМРО ветуваше подобар живот, денес граѓаните живеат со бедни плати и во сиромаштија