Утрински Весник
Скопје

Расчистени обемни диви депонии во општините Центар, Чаир и Бутел

Viber Image 2024 10 09 15 33 10 320.jpg

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел.

Отстранети се  20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на улицата Васил Ѓорѓов во населбата Капиштец, во општината Центар.

Воедно, во рамките на третата смена е расчистена и обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата Визбегово.

Можете да прочитате

Миро Кацаров поставен за директор на Универзална сала

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром