Утрински Весник
Македонија

Расчистен обид за убиство во Велешта, истрага против едно лице

Расчистен обид за убиство во Велешта, истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Струга отвори истражна постапка против едно лице за убиство.

dobivaj vesti na viber

На 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да лиши од живот лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски. Имено, оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде. Но, помеѓу нив, најпрвин настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми. Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот.

Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето

Фасцинантната змија-рибарка од Голем Град „доаѓа“ утре пред скопската публика во Кинотека

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид