Утрински Весник
Свет

Принцот Вилијам и принцезата Кејт пристигнуваат во Америка по осум години

Принцот Вилијам и принцезата Кејт пристигнуваат во Америка по осум години

Принцот Вилијам и принцезата Кејт првпат по осум години ќе престојуваат во САД, каде што ќе ги доделат наградите Earthshot за придонес во областа на заштитата на животната средина, соопштија денеска од Кенсингтонската палата.

dobivaj vesti na viber

Резиденцијата на принцот објави дека во рамките на посетата кнежевската двојка ќе се сретне со градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, и ќе ја посети Меморијалната библиотека и Музеј на Џон Ф.

Според извештаите, наградата Earthshot се доделува за достигнувања во пет категории, кои вклучуваат заштита на природата, чист воздух, уништување отпад, климатски промени и заштита на океаните, а наградниот фонд е 1,2 милион долари.

Победниците и сите 15 финалисти ќе добијат и помош во усовршувањето на нивните проекти за да ги доближат до глобалниот пазар, пренесе „Блиц.рс“.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите