Утрински Весник
Балкан

Ранжел: Мораме да создадеме услови проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо

20240430114645 Big 730x400 42.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската Унија треба да даде многу јасен политички сигнал дека е за нејзино проширување, оцени новиот португалски министер за надворешни работи Пауло Ранжел.

 – Мораме да создадеме услови и во државите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и во самата ЕУ, со цел проширувањето да може да се случи што е можно побрзо, заклучи Ранжел.

 Тој истакна дека има „многу позитивни очекувања“ од процесот на проширување на ЕУ, иако, како што рече, „тоа е тешко прашање кога станува збор за преговорите“.

 Според Ранжел, потребно е да се зголеми Повеќегодишната буџетска рамка на Европската Унија со цел да се обезбедат средства за покривање на трошоците за процесот на проширување, но и за зајакнување на одбраната.

 – Мислиме дека треба да има зголемување на Буџетот, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Европската Унија, за да можеме да одговориме на тројната транзиција – дигитална, еколошка и социјална, но и на прашањето за одбраната и прашањето за проширување и конкурентност, рече Ранжел по учеството на годишната конференција на Европската комисија во Брисел посветена на буџетот на ЕУ, насловена „Гледајќи напред: Буџет на ЕУ на иднината“.

Можете да прочитате

Голем национален протест пред владата во Тирана, фрлани молотови коктели, повреден полицаец

Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство

Навреди и тепачка во турскиот Парламент на расправата за буџетот