Утрински Весник
Балкан

Јоурова: Владеењето на правото е основа на европската архитектура, мора да го заштитиме од негативни трендови 

20240430112103 Big 730x400 34.webp.webp

Владеењето на правото е основното правило во европската архитектура и затоа е важно да имаме детална расправа за состојбата во ЕУ и на просторот на проширување, односно во конкретни земји членки и во државите кои имаат статус на кандидати за членство, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија задолжена за вредности и транспарентност, Вера Јоурова. 

– Со години приоритет на Европската комисија е да направиме повеќе за заштита на владеењето на правото како основен принцип и да го одбраниме од разни видови на негативни трендови, потенцира Јоурова пред почетокот на неформалниот Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) на кои главни теми се проширувањето, владеењето на правото и зајакнувањето на Унијата. 

Таа нагласи дека врз основа на извештаите за владеењето на правото во Албанија, Северна Македонија, Србија и Црна Гора на заседанието ќе може да се направи споредба на системите на овие четири земји кандидати за членство со оние на членките на ЕУ. 

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата.

Можете да прочитате

Франција, Германија и Италија го информираа Курти дека не го исполниле условот за членство во Советот на Европа

Вучиќ: Ќе го посетам Фицо

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ