Утрински Весник
Македонија

Рама го игнорира Касами на приемот во Валона

Kasami rama.jpg

Непријатен момент му се случи на тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Биљал Касами, на официјалниот прием во Валона по повод Денот на албанското знаме и 113 години независност.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како албанскиот премиер Еди Рама се поздравува со дел од присутните, меѓу кои и со министерот Фатмир Лимани, но го заобиколува Касами и продолжува понатаму, без воопшто да му упати поздрав. Снимката предизвика бројни реакции.

Дел од коментарите го поврзуваат игнорирањето со блиските односи меѓу Касами и косовскиот премиер Аљбин Курти, со кој Рама има затегнати односи. Други сметаат дека Рама едноставно не го препознал Касами во гужвата.

https://www.facebook.com/reel/4213152502290656/?t=1

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?