Утрински Весник
Македонија

Радев: Многу наскоро ќе стане јасно дали Република Северна Македонија сака да оди во Европа

Radev.webp.webp
Screenshot

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека наскоро ќе стане јасно дали новиот претседател и партијата што победи со значителна разлика на изборите во Република Северна Македонија ќе работат за европската перспектива на земјата или ќе одат во друга насока.

Pet Utrinski

Како што пренесе БТА, тој ова го изјави откако заедно со бугарската потпретседателка Илијана Јотова положија цвеќе пред споменикот на Непознатиот воин по повод 9 мај.

Screenshot

– Многу брзо ќе стане јасно дали таа земја сака да оди кон Европа. Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен, како што беше со претседателите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со Гордана Силјановска, изјави Радев.

Бугарскиот претседател рече дека отсекогаш ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, „но со почитување на принципите на добрососедство и особено Копенхашките критериуми за членство“. Според него, тоа значи „промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“.

– Откажување од јазикот на омразата што беснееше во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство на Бугарите во земјата, ја пренесува БТА изјавата на Радев. 

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија