Утрински Весник
Економија

Работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за март

МТСП: Септемвриската пензија повисока 6,8 отсто
Dik 300x250 mk

Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март.

dobivaj vesti na viber

Согласно Законот за работните односи платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година.

Износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година, беше усвоен на Економско социјалниот совет одржан на 13.03.2023 година.

На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде иплатена плата помала од 20.175 денари.

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14