Утрински Весник
Свет

67 пациенти од цела Европа се затруле со ботокс: Клиниките се лоцирани, инспекцијата во шок

Лажен доктор во Вевчани, кривична пријава за маж осомничен за надрилекарство и измама
Ss2

Шеесет и седум пациенти од цела Европа се заразиле со ботулизам откако примиле ботокс инјекции во две различни клиники.

dobivaj vesti na viber

Ова е причината зошто здравствените власти издадоа итно предупредување за оваа инјекција на ботокс што може да се направи во Турција, пишуваат медиумите во регионот.

Ss1

Состојбата, која може да биде опасна по живот, е предизвикана од токсините произведени од бактерии. Ако не се лекува навреме, ботулизмот може да доведе до парализа. Сите засегнати пациенти примиле ботокс за стомак, кој ги парализира мускулите на дигестивниот систем и на тој начин го забавува варењето. Турските клиники ги нудат своите услуги за само 970 евра на пациенти кои сакаат да ослабат, додека во Европа и САД овие услуги се многу поскапи, пишува „Јутарњи.хр“.

Сите случаи, како што пренесува медиумот, се евидентирани во периодот од 22 февруари до 1 март 2023 година. Ботоксот и ботулизмот доаѓаат од токсините произведени од „Clostridium botulinum“ и можат да станат многу опасни. Кога токсините се администрираат од обучени медицински професионалци, постапката е обично безбедна, но ако се администрира неправилно, може да предизвика слабост, отежнато дишење или голтање.

Последната фаза на болеста е парализа, која на крајот доведува до смрт доколку не се лекува. Иако повеќето од познатите случаи биле благи, неколку пациенти биле примени во болница. Европската здравствена организација ги советува сите пациенти кои имале процедура за слабеење со ботокс во овие периоди веднаш да се јават кај својот лекар, особено ако почнат да чувствуваат симптоми на ботулизам.

Најмногу случаи се регистрирани во самата Турција (53), потоа Германија (12) и по еден случај во Австрија и Швајцарија. Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека не е јасно што точно го предизвикало ботулизмот.

Турските власти пронајдоа најголем дел од случаите на две клиники, при што 60 случаи се поврзани со приватна болница во Истанбул и три со приватна болница во Измир, според медиумот.

Ss1

Можете да прочитате

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

Почина бебето кое беше извлечено живо од утробата на мајката убиена во Газа

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан