Утрински Весник
Македонија

Работници затрупани во ископ за нова зграда во Кисела Вода

Gradeznici.jpg

Страшна несреќа се случила утрово во скопската населба Кисела Вода утринава. Најмалку двајца градежни работници завршија под куп градежен материјал и земја додека работеле на ископ и подготовка на терен за нова станбена зграда, пишува Нетпрес.

Според првичните, неофицијални информации, состојбата на теренот е критична.


Благодарение на брзата реакција, едно лице е веќе извадено од урнатините, додека другите работници се наоѓаат под подлабок слој материјал, поради што спасувачките екипи вложуваат максимални напори да стигнат до нив.

Настанот се случил на градилиште лоцирано зад кафулето „Фејс“, во непосредна близина на паркот „Македонија“.

На местото на несреќата во моментов е присутна голема полициска придружба, неколку возила на Итната медицинска помош и екипи на Противпожарната единица кои работат на расчистување на теренот.

Можете да прочитате

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа