Утрински Весник
Македонија

ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВИКЕНДОВ: Температурите ќе надминат 25 степени

Meteoalarm.mk 23.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија за време на викендов (сабота  и недела 25/26 април 2026) ќе биде под влијание на стабилна, сува  и на топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност а особено во недела на 26 април 2026  и особено во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.


Во Скопје  и околината исто така за време на викендов (сабота  и недела 25/26 април 2026)  времето ќе биде претежно сончево и топло со повремено засилен ветер од северен правец особено во недела на 26 април 2026. Ќе има и појава на мала до умерена локална облачност.

Наутро температурите ќе бидат значително повисоки и речиси насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе бидат вистински пролетни и во поголем дел од Македонија тие ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие ќе надминат  и 25 степени.

Во Скопје  и околината исто така за време на викендов (сабота  и недела 25/26 април 2026) температурата преку денот ќе надмине 25 степени особено во недела на 26 април 2026.

Можете да прочитате

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте