Утрински Весник
Свет

Путин: Западните санкции се последица на падот на доминацијата на САД

Путин: Западните санкции се последица на падот на доминацијата на САД

Намалувањето на глобалната доминација на Соединетите Американски Држави е поврзано со забрзувањето на западната политика на санкции, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Источниот економски форум.

dobivaj vesti na viber

„Катализатор за овие процеси на санкции беше падот на доминацијата на САД во глобалната економија и политика, како и тврдоглавата неподготвеност, па дури и неспособноста на западните елити да ги согледаат и прифатат објективните факти“, рече Путин на состанокот во Владивосток, пренесува ТАС.

Можете да прочитате

Најнови анкети во САД: Демократите имаат предност од речиси девет поени

ИЕА: Европа се соочува со недостиг на гас

Русите нападнаа болница во Харков, најмалку 46 повредени, 200 пациенти евакуирани