Утрински Весник
Свет

Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети

Putin.webp.webp

Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,​​во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.

Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.

„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“,  истакна Путин.

Можете да прочитате

Украинската премиерка поднесе оставка – 24info.mk

Иран тврди дека Ормускиот теснец е затворен, САД демантираат

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови