Утрински Весник
Свет

Путин: Само 3 отсто од украинското жито отиде за сиромашните, другото заврши во ЕУ

Путин: Само 3 отсто од украинското жито отиде за сиромашните, другото заврши во ЕУ

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека речиси целото жито од украинските пристаништа е испорачано во ЕУ, а не до земјите на кои им е потребно. Тој посочи дека Русија има намера до крајот на годината да им испорача 30 милиони тони жито на земјите на кои им е потребно, а тие испораки може да се зголемат и до 50 милиони.

dobivaj vesti na viber

„Од 87 бродови што ги напуштија украинските пристаништа со жито, 32 останаа во Турција. И мислам дека тоа е апсолутно нормално, бидејќи Турција е организатор на тој процес и има право на тоа. Во Републиката беа испратени три брода од Јужна Африка, три во Израел, седум во Египет, 30 во ЕУ и само две за најсиромашните земји според ОН, Јемен и Џибути. Тоа се 60 илјади тони, или само три отсто“, наведе Путин, соопштува „Спутник“.

Рускиот претседател потсети дека извозот на жито се одвива со посредство на Турција и ОН.

„Европските партнери цело време ни кажуваа дека е неопходно да се воспостават овие испораки, вклучително и од Украина, а пред се во интерес на најсиромашните земји. Сега слушаме дека некои од нашите партнери ставаат сомнеж во она што беше кажано во врска со овие испораки од Украина. Но кај нас се е снимено, нема грешки“ – рече тој.

Можете да прочитате

Унгарскиот Парламент го поддржа предлогот земјата да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

Сите мобилни оператори престанаа да работат: хаос во Шпанија, по прекинот на електричната енергија, повторно проблем

Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии