Утрински Весник
Македонија

Пушки, над 400 куршуми и граната пронајдени во куќа во Охрид

Пушки, над 400 куршуми и граната пронајдени во куќа во Охрид

Оружје и муниција пронајде полицијата во домот на 36-годишниот С.Т. од Охрид кој е приведен по претресот.

dobivaj vesti na viber

„Одземени се пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната“, соопшти полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Стратешко партнерство за модерно, ефикасно и дигитално правосудство

Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села