Утрински Весник
Балкан

Птичји грип регистриран и во Националнен парк во Србија – Бил пронајден мртов лебед

Crvenoklun Lebed Cygnus Olor 2.jpg

Откако беше пронајден мртов лебед во заливот Орешковица, во близина на Доњи Милановац, за кој Националната референтна лабораторија за ветеринарна инспекција на птичји грип во Краљево утврди дека е заразен со патогениот вид на вирусот H5N1, област во радиус од три километри од жариштето беше прогласено заразено со птичји грип кај дивите птици.

„На 8 октомври жители од овој крај ја известиле надлежната служба на ЈП „Национален парк Ѓердап“ дека во Оресковичкиот залив има мртов лебед. Епизоотиолошката истрага и земање мостри од трупот на лебед извршиле надлежен ветеринарен инспектор и епизоотиолог од Ветеринарно-специјалистички институт „Зајечар“, а мострите се испратени во Националната референтна лабораторија во Краљево“, вели Јована Петровиќ, од ЈП „Национален парк Ѓердап“. По добиената потврда за присуство на патогениот сој на вирусот Х5Н1, со истото Решение на Управата за ветеринарство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од 11 октомври, подрачјето со радиус од најмалку десет километри од жариштето, која ги опфаќа населените места Мосна, Бољетин и Голубиње, е прогласена за загрозена од птичји грип.

Времетраењето и спроведувањето на мерките во заразеното и загрозеното подрачје е пропишано со Правилникот за утврдување мерки за рано откривање, дијагностицирање, спречување на ширење, сузбивање и искоренување на заразната болест птичји грип.

Можете да прочитате

Ф-4 Фантом се урна пред стотици гледачи во Грција, пилотите се водат како исчезнати

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

Пожар од големи размери кај Химара, евакуирани локални жители и туристи