Утрински Весник
Македонија

Прво целосно помрачување на Сонцето во Европа по 27 години – еве што ќе се гледа од Македонија

Img 1506.jpeg

Жителите на западна Европа, Северна Америка и делови од Арктикот во среда, на 12 август, ќе имаат можност да сведочат на спектакуларно целосно помрачување на Сонцето – прво на европскиот континент по 27 години.

Главниот појас на тоталитет ќе помине преку Гренланд, Исланд, Шпанија и Балеарските Острови. Во овие области Месечината целосно ќе го покрие сончевиот диск, а за кратко ќе стане видлива и сончевата корона.

За Македонија, сепак, условите ќе бидат значително понеповолни. Од Скопје ќе може да се забележи само мало делумно помрачување во доцните попладневни часови, непосредно пред Сонцето да зајде зад западниот хоризонт.

Поради ниската положба на Сонцето и малиот степен на покриеност, феноменот од Скопје нема да биде ни приближно впечатлив како во западните и југозападните делови на Европа.

Во Шпанија делови од земјата ќе се најдат директно во патеката на тоталитетот, додека во други европски земји ќе биде видливо длабоко делумно помрачување.

Без оглед на степенот на покриеност, астрономите предупредуваат дека Сонцето не смее директно да се набљудува без соодветна заштита. За безбедно следење на делумните фази потребни се сертифицирани очила за набљудување на Сонцето или соодветни методи за индиректна проекција. Обичните очила за сонце не обезбедуваат доволна заштита.

За љубителите на астрономијата во Македонија многу поинтересна можност ќе има веќе на 2 август 2027 година.

Тогаш патеката на целосното помрачување ќе минува низ јужна Шпанија, Северна Африка и Блискиот Исток, а на одредени локации тоталитетот ќе трае повеќе од шест минути. Македонија нема да биде во патеката на целосното помрачување, но од Скопје и од другите делови на земјата ќе може да се набљудува значително подлабоко делумно помрачување во текот на денот.

Можете да прочитате

Шест малолетници меѓу 21 приведен за безобѕирно возење во Скопје

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, приведено едно лице

Загина мотоциклист од ресенско, изгубил контрола и излетал од патот