Утрински Весник
Македонија

Проверете ги сметките: Во тек е исплатата на образовен додаток

Denari Pari.jpg

Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година.

Дополнителната исплата се врши согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 104/19 , 146/19, 275/19, 311/20, 294/21 и 150/22), во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.

Во овие случаи исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година.

Можете да прочитате

На влезот во Кочани поставен и осветен 17-метарски крст во спомен на жртвите од „Пулс“

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога