Утрински Весник
Македонија

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, а ставот на бугарската страна е поинаков поради егзибициите на претходната влада, вели Мицкоски

20260728122941 big 730x400 6.webp.webp

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

– Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков договор со претходната влада, во кој, според нивните тврдења, биле дадени различни ветувања. Ние, како Влада, не цениме дека протоколите се дел и не треба да бидат дел од Преговарачката рамка. Тој став го имаме од првиот ден до денес. За жал, ставот на другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков, според нас, поради егзибициите и капитулацијата на претходната влада на СДСМ и ДУИ и на тогашниот преговарачки тим, воден од губитникот од Чаир – истакна Мицкоски. 

Премиерот вчера во гостување во поткаст истакна дека уставните измени во оваа форма, како што сега се бара, нема да се случат и дека е подготвен да разговара со секого и секаде, додека да се најде решение што ќе биде одржливо и ќе нè однесе до крајната цел. – А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот – потенцираше Мицкоски. 

Тој исто така додаде дека во целиот овој процес работите треба да се гледаат принципиелно, а принципите треба да важат за сите бидејќи со нив нема играње. 

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките

Се обидел да раздели лица кои се тепале, завршил со убодна рана