Утрински Весник
Свет

Проширена истрагата за наводно незаконско финансирање на кампањата на Макрон

Проширена истрагата за наводно незаконско финансирање на кампањата на Макрон

Францускиот финансиски обвинител отвори истрага за да ги испита сомнежите за наводно незаконско финансирање на кампањата на францускиот претседател Емануел Макрон во 2017 година и врски со американската консултантска групација Мекинси, објави весникот „Le Parisien“.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството потврди дека ја проширило постоечката истрага за наводна даночна измама од страна на Мекинзи за да открие каква улога играла консултантската група за време на претседателските кампањи во 2017 и 2022 година, пренесува Ројтерс.

Обвинителството наведува дека истрагата не е насочена против Макрон.

Канцеларијата на Макрон не одговори на барањето на Ројтерс за коментар и одби да ја коментира изјавата на обвинителот. Мекинзи негира вмешаност во какви било незаконски активности.

Опозицијата претходно ја обвини владата на Макрон дека троши премногу пари за финансирање меѓународни консултантски компании кои плаќаат малку или никаков данок во Франција.

Можете да прочитате

САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва: Бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина

МСП му наложи на Израел да отвори копнени премини за хуманитарна помош за Појасот Газа

Руски воени бродови впловија во Црвено Море