Утрински Весник
Спорт

Тадиќ: Бразил заслужено победи, а Камерун и Швајцарија не се на тоа ниво

Тадиќ: Бразил заслужено победи, а Камерун и Швајцарија не се на тоа ниво
Ss2

Бразил ја победи Србија со 2:0, со головите на Ришарлисон во 62. и во 73. минута.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на српската репрезентација, Душан Тадиќ, изјави дека селекцијата на Бразил заслужено победила во натпреварот од првото коло од групата Г на Светското првенство во Бразил.

300x250 (7)

„Можеше да биде подобро. Бразил е исклучително силен, ние одиме на победа на секој натпревар. Беше тежок натпревар, на крајот тие заслужија да победат. Имавме моменти кога можевме да им се заканиме, ако ги искористевме подобро можеби и можеше мечот да тргне во друга насока“, изјави Тадиќ.

В понеделник, во второто коло Србија ќе игра со Камерун, кој на стартот загуби од Швајцарија со 1:0.

„Мораме да продолжиме понатаму. Имаме уште два важни натпревари и мораме да направиме сè што можеме. Пред нас се многу квалитетни репрезентации, но не се на нивото на Бразил. Мора да се фокусираме и да одиме на победи“, истакна Тадиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп