Утрински Весник
Балкан

Пронајдено телото и на жената која со децата скокна во реката Бојана во Скадар

O 1922834 1024 1.jpg

Пронајдено е телото на Алма Араз (39), која пред неколку дена со трите деца скокна во реката Бојана во албанскиот град Скадар, јавија локалните медиуми.

Претходно беше пронајдено телото на нејзиниот четиригодишен син, додека телото на нејзината осумгодишна ќерка беше пронајдено во понеделникот.

Трагедијата стана позната кога рибар во саботата го пронашол телото на најстарото девојче (9), оттогаш потрагата е во тек.

Се верува дека жена со деца извршила самоубиство поради насилството кое го трпела од нејзиниот сопруг, пренесуваат медиумите.

Алма исчезнала со децата на 2 мај, а нејзиниот сопруг Ергис ја пријавил за исчезната дури на 3 мај. Утредента е уапсен под сомнение дека извршил кривични дела семејно насилство и поттикнување на самоубиство.

Тој денеска е спроведен во обвинителството и се чека решение за притвор.

Можете да прочитате

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите од Германците во Втората светска војна и од усташите во Јасеновац

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Мисијата на Србија во ОН апелира да се повлече текстот на резолуцијата за Сребреница