Утрински Весник
Македонија

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

20260103162136 big 730x400 86.webp.webp

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави за МИА Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“.

Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле.

-Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се изгуби. Пријавивме во СВР Битола  и со екипа на ЈУ Национален парк „Пелистер“ се упативме на терен. Но, околу 15.50 часот информирани сме дека планинарот од Прилеп безбедно стигнал во населеното место Нижо Поле – потврди Тошевски.

Можете да прочитате

Ученик нападнат и прободен со нож од соученик во основно училиште во Скопје

Потпишан меморандум за нова фаза на „Училишта на 21 век“, фокус на дигиталните вештини и вештачкатa интелигенција

ОЈО: Се бара притвор за 12 лица, под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните