Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Whatsapp image 2026 08 06 at 09.51.14 2.jpeg

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.

„Општина Центар е на терен со конкретни мерки  делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец”.

Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар  се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс” на пазарот „Буњаковец”, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат  здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.

Можете да прочитате

Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција

Герасимовски: Вонредна дератизација во Центар, градските претпријатија да ги одржуваат контејнерите и канализацијата за да има ефекти

Граѓанските организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на ReLoAd 3, повик од општина Аеродром