Утрински Весник
Македонија

Пронајден е мобилниот телефон на исчезнатиот Миле од Неготино

Mile Todorov 1.jpg

Пронајден е телефонот на исчезнатото момче Миле Тодоров од Неготино, а семејството бара помош од институциите за негово пронаоѓање. Мобилниот телефон е пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема, објави Фокус.

Веќе неколку дена се трага по 28-годишниот Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако дал отказ на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.


Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот е забележан кај селото Марена.

Можете да прочитате

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка