Утрински Весник
Македонија

Кој е следен?“, за денеска е најавен нов протест на „Партизанска“, каде што беше прегазена Фросина Кулакова

Img 8178.png

Иницијативата „Кој е следен“ за денеска, 2 Февруари, во 17 часот, најави нов протест на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала во Скопје. Посочуваат дека случајот со трагичната смрт на младата Фросина Кулакова не е изолиран, дека се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење на сообраќајниците, а се повторува и неказнувањето и недолжното згаснување на животи. „Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици“, посочуваат од Иницијативата.

На протестот ќе се адресираат три главни проблеми, нефункционалноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификацијата на девијантното однесување.


„Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. Од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата,“ посочуваат од „Кој е следен“.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни