Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев во Софија

Промоција на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев во Софија
Ss2

Вечерва од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Книгата излезе од печат оваа година а преводот на бугарски јазик го направи Деница Проданова.

dobivaj vesti na viber

За литературното дело, во присуство на авторот Александар Прокопиев, пред публиката во КИЦ на РСМ во Софија ќе говорат издавачот Пламен Тотев и познатиот бугарски писател Алек Попов. Делови од книгата ќе чита режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика.

Ss1

Со овој литературен настан КИЦ на РСМ во Софија симболично го одбележува Денот на независноста на македонската држава – 8 Септември.

Оригинален, со чувство за хумор и интелектуален, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал шармантна и духовита книга која ќе не придобие и ќе ни даде уникатно доживување како читатели, вели организаторот.

Тој раскажува за вината и простувањето, за тежината на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи наративи со приказни, легендарни и митолошки митови. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите лебеди“ и „Снежана“ или ни покажува светот преку погледот на грозното вонбрачно дете, на човек со едно крило кој се претворил во цар на птиците, на странец кој опитомил змијче, на алхемичар кој се обидува да создаде човече во стакленица.

Роден 1953 година во Скопје, Александар Прокопиев завршува Компаративна книжевност и теорија на литературата. Тој го олицетворува постмодернистичкиот флуид во Северна Македонија. Има издадено дваесетина книги, преведуван е на многу јазици. Името му е споменато во Енциклопедијата на Сорбоната Les Lettres Europeanennes заедно до имињата на Орхан Памук, Херта Мјулер, Елфриде Јелинек. Арт директор е на Меѓународниот литературен фестивал PRO-ZA Balkan, член е на Македонскиот ПЕН и на Друштвото на независни писатели.

Со почит,

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“