Утрински Весник
Македонија

Седми смртен случај од западнонилска треска во државата

20260903125344 big 730x400 19.webp.webp

Седми смртен случај од западнонилска треска во државата е регистриран изминативе денови – соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Во врска со состојбата со западнонилската треска, од моето последно известување – имаме еден починат. Тоа е пациент кој најдолго беше хоспитализиран – над 38 дена во болницата. И имаме еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Значи, состојбата на хоспитализација е иста, мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај – одговори Клековски на новинарско прашање.

Последниот починат од западнонилска треска бил од скопската општина Гази Баба на возраст од 69 години.

– Во основа, значи веќе оваа недела, од последните неколку дена, од викендот наваму, сите нови случаи се од Скопје Север. И веќе е разговарано со соодветните градоначалници да обрнат внимание на активностите таму – рече Клековски.

Тој беше прашан и за објаснување зошто сите смртни случаи со западнонилска треска во државата се од машки пол.

– Најголемата студија е во Америка на над 3.000 случаи. Во таа студија е јасно дека и морбидитетот, односно стапката на заболување со невроинвазивната форма и смртноста е поголема кај мажите. Значи, кај нас морбидитетот е 3,7:1 мажи – жени. Ова е демографска карактеристика. Две други состојби се поврзани значително и со заболевањето и со смртноста: едната е хронична бубрежна инсуфициенција или хронична бубрежна болест и втората е претходни цереброваскуларни инциденти, значи претходни мозочни удари, крвавења. Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти бидејќи знаеме дека статистички жените, особено во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти – додаде Клековски. 

Можете да прочитате

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030  и 40-ина закони по скратена постапка

Лишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена за три години направивме подобро место за живеење