Утрински Весник
Македонија

Променливо време со локален дожд

Променливо време со локален дожд

Времето денеска во земјата ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

На планините, особено во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а само на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје и во околината се очекува променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со магла во котлините.

 

Можете да прочитате

 Кому му одговара Македонија да стои во место?

Доживотен затвор за свирепото убиство на својата мајка во Богданци

Мигрант пронајден починат во Мрзенци