Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголемува.