Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

So mala do umerena oblachnost.webp.webp

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, освен во недела, кога се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат без значителни промени.

Можете да прочитате

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Оперативната акција „Чистач“: 5.628 лишени од слобода, 1.135 кривични пријави и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал