Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Zima stud minusni temperaturi 696x390

Од понеделник до средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури, информира УХМР. Температурата насекаде наутро ќе биде негативна и наместа, пред се во Малешевијата, ќе се спушти и под -15 степени. Во следниот период најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро.

Дневната температура во следните денови постепено ќе се покачи и во среда во најголемиот дел од местата ќе биде над нулата.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од -1 до 5 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 2 степени.

Можете да прочитате

„ПОРШЕ“ СО 168 КМ/Ч НА ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД 80 – возачот заврши со лисици на Табановце

УКИНАТА ЗАБРАНАТА: Водата во Демир Капија повторно е безбедна за пиење

Екипи се борат со пожарот кај Никуштак – приоритет е заштита на населените места