Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоисстокот ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. UV=5

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 20 степени, извести УХМР.

Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор