Утрински Весник
Македонија

Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи

Image 2026 06 16 143940462.png

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните. Министерството упатува благодарност до сите учесници кои придонесоа кон подготовката на ова значајно законско решение.

По вградувањето на прифатените сугестии во законскиот текст, Министерството ќе организира две јавни расправи и ги повикува сите заинтересирани страни активно да се вклучат во следната фаза од процесот, со цел донесување современ и квалитетен закон кој ќе обезбеди поефикасна и долгорочна заштита на природните вредности.


Предлог-законот ја уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност, заштита на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости.

Можете да прочитате

ЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден

Ахмети го честита Илинден: Определбата на Албанците не е променета, избравме заедничка, унитарна, демократска и европска Северна Македонија