Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи

Dozhd.webp.webp

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

И во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Можете да прочитате

Мицкоски: За 34% е зголемен буџетот во културата, фокусирани сме на реализирање на капитални проекти

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис

Интернационалната полициска асоцијација викендов ги чистеше плажите во Охрид