Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Dozd.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од државава со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според прогнозата на УХМР, од денеска настапува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд.

-Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп